„ Истражувачи во акција“ на Алсат-М

Диверзити медиа почна со реализација на проектот „Слободата на изразувањето низ истражувачкото новинарство„ поддржан од Европската Унија преку Центарот за управување со промени.

Целта е преку серија телевизиски интервјуа кои ќе се емитуваат во рамките на попладневната емисијата на телевизијата Алсат-М, да се унапреди амбиентот за остварување на правото на слобода на изразување и унапредување на интегритетот на медиумите и да се истражува и да се потикне истражувачкото новинарство.
Во рамките на проектот на 29 ноември 2016 се одржа „ин хаус“ работилница со водителскиот и новинарскиот тим од партнерската телевизија.

Натаму, тимот од искусни новинари на Диверзити медиа, еднаш неделно во период од четири месеци ќе работи со тимот на ТВ Алсат М на подготовка и презентација на тема и селекција на релевантни соговорници. Исто така томот на Диверсти медиа ќе реализира и истражувачки стории.
Почнувајќи од првата седмица во декември ќе бидат отворени теми поврзани со  слободата на изразување, истражувачкото новинарство, судството и актуелните теми врзани за објавени стории во јавноста. 

 

AddThis Social Bookmark Button