Средношколци од Струга, Охрид и Кичево ќе учат медиумска писменост

Диверзити медиа е во подготовка на две работилници за средношколци од Струга, Охрид и Кичево. Освен за медиумска писменост, младите ќе дознаат повеќе за тоа како да препознаат говор на омраза, пред се’ на социјалните мрежи, кои секојдневно ги користат, како и за лажните вести и дезинформации.

Работилниците ќе ги реализираме заедно со Катарина Синадиновска, претседателкa на Управниот одбор на Советот за етика во медиумите во Македонија.

  

 

Од овие работилници, низ разговорите, од средношколците ќе произлезат предлог теми за обработка на видео прилози, кои потоа ќе ги работат тимовите на Диверзити медиа и ТВ Алсат М.

Работилниците се дел од активностите на проектот "Критичко размислување за активни граѓани“ на Диверзити медиа, во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност- КриТинк“. 

 
Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк, проектот е имплементиран oд Фондацијата Метаморфозис во партнерство со ЕВРОТИНК - Центар за европски стратегии
 
AddThis Social Bookmark Button