Среднoшколци бараат нов задолжителен предмет

Средношколци од Охрид и Струга бараат Медиумска писменост да стане задолжителен предмет во образовниот процес. Ова е еден од одгласите на работилницата што се одржа на 27 октомври 2018 во Струга. Учесниците имаа можност да се запознаат и да разговараат за феноменот на “лажни вести“ и за тоа како да препознаат и да се справат со говорот на омраза на социјалните мрежи. Настанот го поддржа и Советот за етика во медиумите во Македонија, а предавање одржа Катарина Синадиновска, претседателка на Управниот одбор на СЕММ.

                  

Присутните ја проследија проекцијата на филмот "Fake news fairytale" ( "Бајка за лажните вести") на Кејт Стоунхил кој се прикажува трет пат во Македонија. Му благодариме на Самир Љума, еден од основачите на ДМ, што ни овозможи да го проследиме филмот, во чие созадавање учествуваше и самиот.

 

                                       

Работилницата е во организација на Диверзити медиа, а во рамки на проектот "Критичко размислување за активни граѓани".

AddThis Social Bookmark Button