Кичевски средношколци не сакаат да бидат новинари

Средношколци од Кичево сакаат да знаат како функционира новинарството, но не се заинтересирани таа да им биде професија. Ова е еден од заклучоците од работилницата за медиумска писменост во овој град што се одржа на 1 ноември 2018. Децата бараа повеќе информации, тврдејќи дека од медиумите се преплавени, како што рекоа, само со лоши работи. Тие покажаа интерес за тоа како да идентификуваат лажни вести и како да препознаат непрофесионалност во медиумите. Покрај претставник на Диверзити медиа, предавач беше и Катарина Синадиновска, претседателка на Управниот одбор на Советот за етика во медиумите во Македонија.

 

        

    

                                       

 

Работилницата е во организација на Диверзити медиа, а во рамки на проектот "Критичко размислување за активни граѓани".

 

  

AddThis Social Bookmark Button