Медиумската писменост на пиедестал во Алсат-М

Алсат-М ТВ беше домаќин на  работилница за медиумска писменост за свои вработени во рамките на проектот „КриТинк“ финансиран од Европската Унија. На „ин-хаус“ обуката што ја  реализира тим на Диверзити Медиа учествуваа новинари и водители на емисии, а на неа се зборуваше за претпазливост за говорот на омраза, особено за тоа како се пренесуваат вести и информации. Исто така беше ставен акцент на опасност од „лажните вести“ кои се преземаат од други медиуми. Учесниците даваа свои мислења и искуства како се справуваат со овие негативни појави коишто влијаат на кредибилитетот на новинарството особено за тоа колку е важно информациите да се верифицираат пред да бидат пласирани во јавноста.

        

 

         

 

 

 

Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк, проектот е имплементиран oд Фондацијата Метаморфозис во партнерство со ЕВРОТИНК - Центар за европски стратегии

       

AddThis Social Bookmark Button