Диверзити Медиа се приклучи на Мрежата за медумска писменост

Диверзити Медиа стана 41-ва членка на Мрежата за медиумска писменост. Ова е платформа чија цел е унапредување на соработката меѓу различните чинители во македонското општество кои креираат и спроведуваат политики и реализираат активности и проекти во сферата на медиумската писменост. Мрежата беше промовирана во април 2017 од страна на Агенцијата за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Има 34 основачи – образовни установи, граѓански организации, медиуми и државни институции, меѓу кои и две министерства – за образование и за труд и социјална политика.

 

 

На веб- страницата на Мрежата можат да се најдат основни информации за тоа што, за кого и зошто е важна медиумската писменост, но и за тоа на кои медиуми се однесува медиумската писменост и како критички да се оценуваат медиумските содржини. Исто така на увид се сите публикации и активности на членките на оваа платформа.

Медиумската писменост не е апстрактен поим, туку е во срцевината на демократските процеси и придонесува за развој на критичкото размислување и значи поттик за постигнување на високи стандарди во медиумите. Колку повеќе луѓе и побрзо го сфатат и го поддржат ова, толку побрзо ќе има значање максимата дека сами одлучуваме за процесите во државата. Диверзити медиа, со целиот свој капацитет, како и до сега, продолжува да работи за остварување на овие цели.

 

AddThis Social Bookmark Button