Средношколците претпазливи кон медиумите

Младите во нашата земја, иако малку информирани, искажуваат загриженост за ширењето на лажните вести, особено во електронските медиуми. Тие велат дека лажните вести тешко се препознаваат и дека треба да се биде внимателен при изборот на медиуми и при примање на информациите.

 “Тоа што го читам може да биде и вистина, но јас секогаш се мислам дали е тоа една лажна вест. И да е веста вистинита, треба да размислиш убаво затоа што некогаш може да бидеш излажан и од некоја вест за која мислиш дека е вистинита, но што всушност е лажна. Најмногу се информирам од телевизиите кои пренесуваат вести. На нив може да ѝм се верува  затоа што тие емитуваат програма во живо. На пример, Алсат, и иако може да пишува за истото и на интернет, сепак повеќе ѝм верувам на телевизијата и на емисиите ако се емитуваат во живо, а не на напишаното,смета средношколецот Амди Бектеши  

 

Ученичката Ивона Пановска, пак, оценува дека „ за некои работи не можеме да знаеме дали се вистинити или не, и се случува да поверуваме. Потоа, кога ќе слушнеме од другите, ни станува јасно дека  била само една лага.”

Од друга страна средношколката Ева Поповска, е искрена:

Ако не учествував во овој проект, немаше да знам за лажните вести. Некогаш е очигледно како може да се препознаат лажните вести, но ако немаш познавања околу тоа тогаш не можеш да ги препознаеш.

Но, како се заштитуваат младите читатели од дезинформациите и од невистините? Тие првенствено сугерираат самите медиуми да бидат внимателни и да ја почитуваат нивната главна обврска, информирањето на граѓаните. Младите научиле дека посигурно е ако информацијата ја потврдат во неколку медиуми или извори.

Амди Бектеши вели:ако сакаме да ги избегнеме лажните вести, не треба да пишуваме вести само за кликнувања или да имаме што поголем број на читатели на една веб страна, туку да пишуваме за да ги информираме граѓаните. Но, таков е светот во кој што живееме. Објавуваме информации за да имаме што повеќе кликнувања, а не за да ги информираме граѓаните.

Ивона Пановска нема дилеми.

Или нема да ја посетам веќе таа веб страна, или ќе зборувам со некого кој ја посетил таа иста страна. На пример, и ќе ги контактирам, затоа што на тие страни има и можност да се контактира, за да ги прашам од каде ѝм се информациите за тоа што се случило, да ми дадат некој доказ за да знам дали да поверувам или не, вели таа.

Кога станува збор за конкретни случаи кога наишле на лажни вести, младите раскажуваат за вести кои се однесувале на меѓуетничките односи во кои бил употребен говор на омраза. Токму говорот на омраза, кој е присутен насекаде, и не само во традиционалните медиуми, е нешто со што тие се соочуваат секој ден. Но, како да се справат со овие феномени зашто на училиште малку учат за овие феномени.

 “Кога пишуваме со омраза, употребуваме погрдни зборови. Мислам дека говорот на омраза денес е многу распоространет. Може да се направи лажен профил за некого, да се зборува со омраза за некого и тоа да се прошири насекаде по социјалните мрежи“, вели Пановска.

Анѓела Елмазиукажува:не нé учат како да ги препознаеме лажните вести или како да се заштитиме од нив, за говорот на омраза или за такви работи.”

Лажните вести, говорот на омраза, манипулирањето преку вестите, потребата за професионално информирање, како и улогата на институциите за ова прашање, се неколку од проблемите со глобални размери, посебно во последните години со зголемувањето на употребата на интернетот и социјалните мрежи.

 

Видео прилогот погледнете го во продолжение.

              

                         

 

Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк, проектот е имплементиран oд Фондацијата Метаморфозис во партнерство со ЕВРОТИНК - Центар за европски стратегии

 

  

 

 

AddThis Social Bookmark Button