Реформски клуч за борба против лажните вести и говорот на омраза

Институциите имаат главна улога за поттикнување на критичкото мислење кај масата, а училиштата ги подготвуваат младите генерации за да се справат со феномените генерирани од медиумите. Гледајќи на лажните вести како еден предизвик, и младите како честа мета на авторите на овие вести, амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар, ја истакна важноста за развивање на демократијата и критичкото мислење од една страна, и професионалноста на медиумите, од друга страна.

За да ги препознаеш лажните вести, да се соочиш со овие феномени, најважно е да се има точност на информациите, но и да се види колку сме самите ние одговорни кога споделуваме информации дури и на социјалните мрежи. Слободата на мислење и на говор во себе носи одговорност, но и ограничувања за да не се прекрши приватноста, да не се употребуваат навреди, и слично. Демократски е да се слушне и мислењето на другиот, да се полемизира и да се дебатира, смета евроамбасадорот во Македонија.

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, вети дека неговиот ресор ќе се ангажира да новите генерации уште при првите чекори на образованието се учат да ѝм објават војна на негативните феномени во општеството. Овие коментари Адеми ги даде на дебатата со наслов  “Како да се информираме и како да бидеме информирани”.

 “Многу е важно критичкото мислење да се развие кај нашите ученици и тоа уште од најрана возраст, затоа што само така тие ќе пораснат во личности и дел од генерации кои ќе имаат можност да ја корегираат актуелната состојба во сите сфери на општеството. Само на овој начин тие ќе можат да станат дел или директни креатори на промените за подобро утре,истакна министерот Адеми.

Во неколку извештаи за напредокот на Европската Комисија, Македонија доби критики за состојбата со медиумите, нивната независност и професионалност. Медиумите се еден од главните столбови на демократијата во една земја и нивната состојба ја отсликува општата општествена реалност. За ова,  во последниот европски извештај за напредокот за Македонија пишува дека што се однесува до слободата на говорот, земјата постигнала одредено ниво на подготвеност и направила добар напредок, посебно преку една подобрена клима за медиумите, намалувајќки го притисокот кон новинарите. Земјата треба да ги третира преостанатите предизвици, вклучувајќи го и реформирањето на јавниот сервис.”

 

                          

 

Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк, проектот е имплементиран oд Фондацијата Метаморфозис во партнерство со ЕВРОТИНК - Центар за европски стратегии

 

   

AddThis Social Bookmark Button