Говорот на омраза предизвикува криминал од омраза

Говорот на омраза е насекаде по интернет, на веб страници, на социјалните мрежи, по разни канали. Може да се опише како еден вид на мизерно однесување кон една религија, етничка припадност, сексуален идентитет, род, раса или кон некоја друга група.  Младите, како масовни употребувачи и помалку информирани, нема да можат да го одбегнат на интернет. И при една игра на интернет, при барање на некоја дефиниција или при слушање на музика, тие ќе наидат на срамни и навредливи зборови и слики.

Интензитетот на споделувањето на овие идеи, фреквенцијата со која децата ги гледаат и големиот број на луѓе кои на ова гледаат како на нешто вообичаено, ја прави уште по итна потребата за подобро информирање на децата и младите за  овој феномен. Тие треба да се многу добро информирани за говорот на омраза и за последиците од него пред да примаат сé што ќе ѝм излезе пред очи. Навредливите содржини лесно се препознаваат, но дефинирањето на тоа што  е говор на омраза е потешко.

 

Говор на омраза

  • Ако некој се обидува да му наштети на друг, или знае дека му прави штета на друг, и ова го прави постојано online, тоа е cyberbullying.
  • Кога некој изразува негативни мислења за една група или за некој атрибут на некоја група, тогаш имаме говор на омраза.
  • Говорот на омраза може да доведе и до кривични дела предизвикани од омраза.
  • Децата кои во себе носат гнев или несигурност околу други работи во својот живот, може да станат дел од групи кои се водат од реториката на омраза.
  • Омразата обично произлегува од незнаењето.

Невозможно е да се контролира секоја содржина на интернет за да се избегне говорот на омраза. Ова е речиси невозможно и за институциите. Најдобрата одбрана е информирањето на децата за вистинските човекови вредности, развивањето на емпатија и толеранција, соодветната комуникација и сензитивноста кон другите. Нјдобар начин за да се избегне виктимизацијата од овој вид на омраза е читањето и информирањето за другите, за тие што се или што ни изгледаат различни. Ако говорот на омраза ги премине границите и преминува во прекршок, пожелно е да се пријави.

Дискутирано е јавно и за одговорноста на „онлајн“ медиумите или социјалните мрежи кои намерно или ненамерно се посредници на овие пораки. Дури е отидено и чекор понапред во креирање на алгоритми за детектирање на зборовите или изразите кои се употребуваат при говор на омраза, но до сега ова не покажало успех.  Во Македонија, медиумските регулаторни органи, други државни институции и претставници на меѓународните мисии формираа мрежа за борба против говорот на омраза во медиумите. Ова се однесува на сите медиуми, не само на оние електронските. Во нашата земја најчесто има изрази на омраза, навреди па дури и закани меѓу групите со различна етничка припадност, кон членовите на ЛГБТ заедницата, кон членовите на ромската заедница, групите со поинакви политички убедувања, и др.

Aмбасадорот на ОБСЕ, Клеменс Која, вели:

„Убеден сум дека креирањето на оваа мрежа ќе влијае врз јавното однесување, и ќе го спречи говорот на омраза во медиумите. Мрежата ќе ѝм дозволи на своите членови да развијат мерки за намалување на говорот на омраза во медиумите и ќе анализираат зошто говорот на омраза претставува еден елемент кој е сé по присутен и кој води кон кривични дела од омраза.“

Директорката на Советот за етика во медиумите, Марина Тунева истакнува:

„Имајќи го предвид фактот дека говорот на омраза подолго време владееше на медиумската сцена, при што се менуваа само лицата на чии цели и тактики ѝм служеше, нé принуди и самите ние да алармираме за формирање на еден саморегулаторен орган во медиумите, но и во целата медиумска заедница воопшто, дека нешто мора да се превземе. Мораме да истакнеме дека саморегулирањето не е единствениот лек за говорот на омраза во медиумите, посебно не во нашето општество во кое долго време недостигаа демократските капацитети.”

„Говорот на омраза” како таков е легален во неколку земји во светот, освен ако се однесува до одредена личност, ако содржи закани и малтретира, или создава непријателска средина (како на училиште, така и на работното место). Но, границата меѓу тоа што е прифатливо и тоа што не е прифатливо, посебно на интернет, е прашање за дискусија. Најчесто употребуваните мрежи од страна младите се Инстаграм, Твитер и Јутјуб. Обидите на овие платформи да го намалат говорот на омраза често се неуспешни, или пак можеби самите компании одбираат да биде така затоа што сакаат што повеќе корисници.

За да биде појасно: говорот на омраза не е производ на интернетот. Интернетот (а посебно социјалните медиуми) едноставно им овозможуваат на луѓето простор за изразување. „Онлајн“ светот е полн со лажни информации, кои лесно се произведуваат, лесно се споделуваат и на кои лесно им веруваат оние кои сакаат потврда за нивните идеи полни со омраза. ИТ компаниите заработуваат од поврзаноста и активностите на луѓето. Ништо не ги ангажира и акивизира луѓето како провокативните идеи.

 

                   

 

Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк, проектот е имплементиран oд Фондацијата Метаморфозис во партнерство со ЕВРОТИНК - Центар за европски стратегии

 

 

AddThis Social Bookmark Button