Центрите на моќ диригираат вести и манипулаци

Почнувајќи од граѓанските движења, политичките партии, власта, корпорациите, и други групи прават активни напори за да ги диктираат написите во медиумите. Целта на ова е информациите кои ги обработуваат и кои ги објавуваат да се свртат во нивна полза. Вистинското прашање е: колку успеваат центрите на власта да владеат со медиумите?

Во земјите во кои државата има значителна контрола врз медиумите, искушението на владетелите за да ја злоупотребат оваа власт за свои цели е многу големо. Политичарите ќе го употребат своето влијание врз медиумите за да ја манипулираат информацијата која излегува во јавноста, служејќи им така на своите интереси врз грбот на државата.

Истражувачите кои се занимаваат со поврзаноста меѓу манипулациите во медиумите и економијата на една држава, кажуваат дека таму каде што власта владее со медиумите, граѓаните се посиромашни, умираат помлади, има поголема смртност на новороденчињата, има понизок пристап до канализација, има повеќе корупција и помалку развиени пазари.

Како функционира манипулирањето на јавноста?

Медиумите кои се под контрола на власта и владата се поврзани во еден маѓепсан круг на меѓусебно манипулирање, создавање на митови и на самоинтерес.  Новинарите имаат потреба за кризи за да ги драматизираат вестите, а владините претставници имаат потреба да се појават за да дадат одговор на овие кризи. Често пати овие кризи не се реални кризи, туку се заеднички измислици.  Зависните медиуми и власта создале еден круг на делување кој ѝм служи на нивните интереси, а не на оние на јавноста. Цел на владините претставници е  да ја искористат потребата за драма на медиумите со фабрикување на кризи и менаџирање на резултатите на истите. Вниманието често пати го привлекуваат забавни случувања, со што се избледува интересот за покомплексни прашања, понедостижни, но сепак поважни. Развојот на телевизијата ја зголемил и потребата за драма во вестите. Но, во последните години оваа слика е видно изменета.

Едно истражување спроведено во девет држави открива дека социјалните медиуми во голема мера се употребуваат за промовирање на лаги, дезинформации и пропаганда од властите и од одредени личности, пренесува престижниот „Гардијан”. Основајќи се на ова истражување од Универзитетот во Оксфорд, весникот пишува дека „ пропагандата во социјалните медиуми се употребува за манипулирање на јавното мислење во целиот свет”. Во истражувачкиот проект биле опфатени големи и важни држави, како Бразил, Канада, Кина, Германија, Полска, Украина, Швајцарија, и др.

Независно од состојбата создадена во последните декади во која социјалните мрежи масовно се употребуваа за манипулирање, во неколку од гореспоменатите земји и во некои други земји со поразвиена демократија, ситуацијата не е таква со традиционалните медиуми. Развиената демократија обезбедува една поголема слобода на изразување и известувањата од медиумите се пореални. Таму каде што медиумот е во приватна сопственост и е независен, каде што медиумот има слобода, тој ја корегира реакцијата на власта кон гласачите. Во демократија, присуството на независните медиуми ја зголемува свесноста на гласачите за важни прашања поврзани со политиките на власта, но исто така им обезбедува и точни информации за однесувањето на политичарите. Ова им овозможува на гласачите да ги мониторираат политичарите кои на овој начин стануваат по одговорни кон јавноста.

 

              

 

Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк, проектот е имплементиран oд Фондацијата Метаморфозис во партнерство со ЕВРОТИНК - Центар за европски стратегии

  

 

AddThis Social Bookmark Button