Професионалното оружје како борба против јавните манипулации

Манипулација – контрола над некогои нешто со цел за остварување за своја предност, најчесто нефер или со нечесни тактики.

„Контрола над некого и нешто со цел за остварување за своја предност, најчесто нефер или со нечесни тактики.” Ова е дефиницијата за зборот „манипулација”. Од психолошки аспект, под овој поим се подразбира  искористување на една личност, за придобивка на една друга личност. Што се однесува со јавните односи,  вклучувајќи ги тука и медиумите како алатка за пренесување на пораките, работата е покомплицирана,  резултатите се со помасивни последици, одговорноста е поголема...

Задача на медиумите е информирање, едуцирање и забавување на масите. Кога се работи за информирање, постојат законски одредби и регулативи со кои се дефинираат рамките на дејноста на медиумите. Во нив се опишани условите кои треба да ги исполни една информација за истата да биде професионална, објективна, веродостојна, од јавен интерес, и др. На пример, во Македонија има Етички Кодекс на новинарите во кој на јасен и прецизен начин е опишано како треба да изгледа една информација наменета за јавноста. „ Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.“ Ова е еден воведен дел на Етичкиот кодекс, чиј член 1 предвидува:

„Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. До колку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.”

Во случаи на повреда и на непочитување на овие одредби, медиумот треба да сноси одговорност пред јавноста, пред  одредени институции надлежни за наблудување на работата на медиумите, и на крај, можеби и пред органите на правосудството.

Меѓународните претставници во земјата, неколку пати одржаa „лекции“ како треба да функционираат медиумите, како новинарите треба да ја вршат својата професија, сѐ со цел да се избегне манипулирањето на масите.

 

„Политичарите не треба да се мешаат во уредничката политика на медиумите, било тоа преку директен или индиректен притисок. Недостатокот на новинарска автономија и диверзитет има како резултат настанување  на предрасуди кон изборниот процес”, изјави Мариет Шурман, поранешна амбасадорка на Холадија во Скопје, во март 2013.

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, пред две години посочи:

Само етиката и интегритетот вклучени во практични чекори можат да ни помогнат да се браниме и повторно да ги постигнеме демократските вредности кои се загрозуваат. Улогата на медиумите што се смета да бидат советници на народот е суштинска во оваа смисла .

Нина Суомалаинен, поранешната шефица на мисијата на ОБСЕ во Македонија, во изјава од 2017 беше директна:

„Саморегулацијата на медиумите може да биде решение, имајќи предвид дека помага да се развие етичкото новинарство ориентирано кон вистината.”

Општествата со развиени демократии ги надминале предизвиците со кои денес се соочува Македонија, како цензурата и надворешните влијанија, но на повидок се нови предизвици. И покрај почитувањето на основните принципи од страна на медиумите и новинарите,  вршењето на дадената мисија на професионален начин и медиумското описменување на масите, остануваат најмоќното оружје против јавните манипулации.

 

                      

 

Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк, проектот е имплементиран oд Фондацијата Метаморфозис во партнерство со ЕВРОТИНК - Центар за европски стратегии

  

 

AddThis Social Bookmark Button