Медиумски појадок за медиумска писменост

На 23. Март 2019, Диверзити Медиа организираше медиумски појадок со група новинари од Струга и Охрид кои се и дописници на национални медиуми од овој дел на Македонија.

На средбата се зборуваше за значењето на професиионалното новинарство во борба против лажните вести и дезинформации. Учесниците беа едногласни дека овој настан е исклучително значаен  зашто, според нив, ретко се случува да им се посветува внимание на новинари од локалните медими во земјава и да се слушнат нивните ставови за одредени состојби. Тие истакнаа дека еден од поголемите проблеми со кои се соочуваат се лажните вести на некои локални портали, што влијае врз кредибилитетот на новинарството.

Од медиумскиот појадок произлезе заклучок дека ваквите иницијативи на граѓанскиот сектор треба да станат практика во заедничката борба за поголема медиумска писменост со крајна цел брзо и ефикасно справување со непрофесионализмот во медиумите во вид на лажни вести и дезинформации.

 

 

Ова беше и последната активност во рамките на проектот „Критичко размислување за активни граѓани“ на Диверзити Медиа во партнерство со ТВ Алсат М како дел од „ Критинк“ - Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност.

Има за цел:

-          да го стимулира критичкото размислување како основа за поактивен ангажман на граѓаните - носители на демократитијата и општествените промени.

-          Разоткривање на системот на медиумските манипулации преку пласирање на дезинформации и лажни вести, преку што ќе се поттикне критичкото размислување базирано на аргументи.

-          Истакнување на професионалните новинарски стандарди и нивно почитување во редакциите, како потреба на медиски едуциран граѓанин, а востановена пракса на работа на мдиумите.

-          Поголем ангажман и зголемување на интересот  на младите во јавниот живот и  нивно препознавање на говорот на омраза во социјалните медиуми, како алатка за ширење на нетолеранција и конфликти.

 

Во рамките на проектот беше организирана „ин хаус“ работилница со новинари и продуценти во ТВ Алсат М и работилници со средношколци од Струга, Охрид и Кичево за говор на омраза во социјалните медиуми. Беа продуцирани видео прилози и ТВ интервјуа на теми кои од различни аспекти ја обработуваа и ја објаснуваа медиумската писменост.

 

Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк, проектот е имплементиран oд Фондацијата Метаморфозис во партнерство со ЕВРОТИНК - Центар за европски стратегии

 

  

AddThis Social Bookmark Button