Интернетот ги "убива" книгите

Интернетот ги "убива" книгите by DiversityMedia

Дали Интернетот ги заменува библиотеките? Не, велат младите, со образложение дека со читање на печатените изданија се опуштаат повеќе, отколку со читање дигитални книги на Интернет. Според библиотекарите, пак, интересот на младите за читање книги е намален.

Ги прашавме младите - Kако сакаат да читаат книга? Во печатени изданија или дигитални, на мониторот на компјутерот.

„Материјално, повеќе ми го одмара мозокот“.

“Тоа ми е релаксирање, да избегам од тоа што секојдневно треба да го учам за колоквиуми или испити“.

„Потешко сфаќам од компјутер, потешко ми е, а и имам проблеми со очите“.

„На компјутер сум, на Интернет, а книги не читам"

Прераскажани и во скратена верзија. Вака младите, според Слободанка Јовановиќ, библиотекар во библиотеката "Браќа Миладиновци" во Скопје, ги наоѓаат лектирите, само со неколку клика на Интернет.

„Преку Интернет децата си ги наоѓаат скратените верзии на лектирите, Раскажани. И во тој случај, немаат потреба да читаат цела книга. Немаат потреба времето да го трошат да читаат една голема книга. За жал, тоа влијае на нивниот речник“, вели Јовановиќ.

И предности и маани

Гордана Андреева во истата библиотека работи на дигитализација на книгите.

„Секој на Гугл може да напише што сака. И јас можам да напишам дека јас доаѓам од Марс, меѓутоа тоа не значи дека е релевантно што јас доаѓам од Марс. Тоа е начин да се дојде до информации и тие го користат. Си има своја вредност,  во секој случај“, смета таа.

За Ирина Шумадиева, програмски асистент во невладината организација Метаморфозис читањето на монитор е практично и брзо, за снаодливите евтино, но, и доста бавно. Сепак, смета дека многу млади сакаат омилените романчиња да си ги читаат на плажа или на некое за нив, удобно место.

„Ако читате од хартиени книги во магеријални форма, може да ги подвлечете потребните или омилените места . Истото можете да го направите и електронски. Значи, алатките горе-долу се исти, меѓутоа, начинот на кој го прифаќа окото од печатена книга и книга која се чита електронски , не е ист“, заклучува Шумадиева.

Во печатена или електронска форма, убаво е кога некој чита книги. 

AddThis Social Bookmark Button