Објавени наградите “Биди NEWS BLOGER„

Диверзити Медиа Продакшн, денеска  29 февруари, во 12 часот во просториите на Клубот на Новинари во Скопје ги објави наградите за млади блогери „Биди NEWS BLOGER“.  

Првото место му припадна на Новица Наков за текстот „(Не)познато (не)знаење“

Второто на Фатлуме Дервиши за блогот “Концептот за демократија во земјите во транзиција” и

Третото место на  Моника Петровска и Маја Пероска за текстот „Демократија - слобода да си ги избереме нашите сопствени диктатори“.

На конкурсот учествуваа, средношколци, студенти, активисти, млади новинари и студенти на факултетите по новинарство.

Членови на жирито беа Александар Чомовски, долгододишен новинар, уредник и водител на емисијата „Ако е“, Зоран Стевановски, долгогидишен новинар на радио ББЦ на македонски јазик, кој живее во Лондон, Филип Стојановски, блогер и експерт за нови медиуми и екипата  на Диверзити Медиа.

Конкурс за најдобар блог беше дел од проектот „Добро информирани граѓани како основа на демократијата“ во рамките на кој проект три пати неделно, етаблирани новинари продуцираат радио анализи, а истите се емитуваат и на 16 партнерски радио станици кои емитуваат на македонски и на албански јазик.

Диверзити Медиа Прокашн (ДМП) е непрофитна организација формирана со цел да го унапреди професионалното новинарство, да придонесе кон поголема слобода на говорот, како и да даде поддршка на демократијата и плурализмот во Македонија. 

Целта на ДМП е да се подигнат стандардите во целост со воведување висок професионализам во новинарството преку Интернет медиумите и радиото. 



ДМП ја застапува идејата дека граѓаните се суштината на политичкиот и општествениот живот. Поради тоа, организацијата ќе им помогне на граѓаните да бидат дел од важни дебати, особено на оние граѓани кои припаѓаат на немнозинските и маргинализирани групи.  

AddThis Social Bookmark Button