„Договор со историјата“ е документарен филм изработен од Диверзити Медиа. Во него се пренесени сведоштва на луѓето кои на различен начин беа вклучени во процесот на создавање на Преспанскиот договор со кој беше окончан долгогодишниот спор со Грција за името. Се обидовме да дадеме една друга димензија на ова прашање кое и натаму предизвикува реакции во македонската јавност.
Своите искуства во филмот ги пренесуваат двајцата премиери во време на склучувањето на договорот, дипломати, министри, пратеници, посредникот на Обединети Нации, експерти и новинари. Сниман е во Скопје, Атина, Њујорк и Преспа од двете страни на границата.
Проектот е поддржан со грант од амбасадата на САД во Македонија доделен во 2024 година.



